Ерменија ги повика Барсегјан и Хамбарџумјан

Ерменскиот национален тим ќе биде составен од двајцата Вардарови играчи Ховханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан за престојните два натпревари против Естонија и против Литванија кои ќе се играат во Ереван. 

Двата меча се од пријателски карактер, а нашите играчи ќе конкурираат за настап за ерменскиот национален тим, каде што во последните неколку години се стандарни кај селекторот Артур Петросјан. Мечевите се играат на 24 и на 27 март.

Претходно од нашата екипа со репрезентативен статус се стекнаа и Кристијан Тошевски и Дарко Велковски. Двајцата ќе бидат дел од македонскиот сениорски национален тим за натпреварите со Финска и со Азербејџан. Исто така репрезентативци се и младите Методија Велковски, Филип Антовски, Тодор Тодороски, Филип Стојчевски и Бојан Колевски кои што добија повик од селекцијата до 19 години, а Матеј Андов и Божидар Митревски ќе бидат дел од селекцијата до 17 години на Македонија. 

четврток, 15 март 2018