Џигаури играше за Грузија, Барсегјан настапи за Ерменија

Двајца Вардарови фудбалери, во текот на денешниот ден имаа настапи во своите репрезентации. Станува збор за Џамбул Џигаури и за Тигран Барсегјан кои што играа за селекцијата на Грузија, односно на Ерменија. 

Џигаури беше стартер во грузиската репрезентација во дуелот со Белорусија и играше до 62. минута во натпреварот кога беше заменет. Мечот заврши без победник 2:2. 

Барсегјан, пак, влезе во игра за ерменската селекција во вториот дел, и го одигра целото второ полувреме против Кипар кој што неговата репрезентација го победи со 3:2. Ховханес Хамбарџумјан не настапи на овој натпревар. 

Уште утре шестмина наши играчи имаат настапи за своите селекции, и завршуваат со репрезентативните обврски. Бесар Исени и Петар Петковски очекуваат настап за младата репрезентација во квалификацискиот натпревар со Австрија кој што се игра во Скопје, додека помладите играчи Филип Антовски, Тодор Тодороски, Бојан Колевски и Филип Стојчевски ќе чекаат шанса за репрезентацијата до 19 години во квалификацискиот натпревар со Лихтенштајн кој се игра исто така во Скопје. 

понеделник, 13 ноември 2017