Двајца Вардарци повикани во репрезентацијата до 21 година

Двајца играчи на Вардар, се најдоа на списокот на селекторот Благоја Милевски за младата репрезентација до 21 година на Македонија за престојните два пријателски меча против Азербејџан, кои ќе се играат на 24-ти и на 27-ми мај во Баку. 

Дефанзивците Тодор Тодороски и Филип Антовски добија повик за овие два натпревари. Двајцата практично ќе дебитираат за оваа селекција, откако претходно настапуваа за помладата репрезентација до 19 години. 

Антовски се најде на списокот на селекцијата до 18 години која денеска и во четврток ќе одигра два контролни меча против Бугарија.

вторник, 15 мај 2018