Два слободни дена за Вардарци

Вардаровите фудбалери после настапот во првенството и победата над Скопје, добија два слободни дена. Поради репрезентативната пауза, идната недела ќе нема првенство, и од тука Чедомир Јаневски им даде малку одмор за играчите. 

Одмор ќе немаат Вардаровите играчи кои што ќе настапуваат за своите селекции во идниот период. Дарко Велковски, Висар Муслиу и Бобан Николов се повикани за Македонија, Џамбул Џигаури за Грузија, Тигран Барсегјан и Ховханес Хамбарџумјан за селекцијата на Ерменија, додека за младата репрезентација ќе играат Петар Петковски и Бесар Исени. За селекцијата до 19 години на Македонија, од првиот тим на Вардар се повикани Филип Стојчевски, Тодор Тодороски и Бојан Колевски. 

На тренажен процес, останатите Вардарови играчи се враќаат во среда каде што ќе продолжат да се подготвуваат за настапите во првенството, и дуелот против Ренова во Тетово во рамките од 15. коло. 

понеделник, 6 ноември 2017