Два гола на Аврамовски за победа на Вардар над Работнички

Вардар и како „гостин“ против Работнички, издвојува победа од 2:0 во денешното 12. коло од ПМФЛ. Идентичен резултат како и на првиот дуел кога Вардар беше домаќин. На головите се чекаше во последните 14 минути од средбата, иако Вардар и во текот на првиот дел имаше многу прилики да го отвори резултатот. Аврамовски во 76. и во судиското продолжение беше творец на овој триумф. 

Првата сериозна шанса ја имаше Вардар преку Мицевски кој со удар од 20 метри ја погоди стативата. Потоа следуваа шанси на Колевски, но немаше реализација. 

Во вториот дел се играше главно на средината на теренот, а потоа Марковиќ со еден шут го принуди Гачевски да интервенира, и одлично да избие во корнер. 

Вардарци трпеливо ја чекаа својата шанса за гол, и ја дочекаа во 76. минута. Беше досуден слободен удар одкосо од десно. Аврамовски шутираше директно кон голот, топката закачи еден играч на Работнички и заврши во голот на Шишковски. 

Вардар потоа свесно се повлече, и шансата ја чекаше од противнапад и дојде до неа во 93. минута. Жуниор одлично го проигра Аврамовски кој излезе сам пред Шишковски, и успеа да ја испрати топката во голот на Работнички, и да стави точка на победата на Вардар во дербито. 

сабота, 26 октомври 2019