Доминација и победа на Вардар во мечот со Скопје

Низ целосна доминација во текот на сите 90. минути, Вардар денеска успеа да го совлада составот на Скопје, и по пауза од три првенствени натпревари, да се врати на победничките патеки. По еден гол постигнаа Фелипе, Максимов и Џигаури за оваа убедлива победа. Максимов, пак, го постигна својот првенец во дресот на „црвено-црните“. 

Вардарци во првиот дел имаа само минимално водство, и покрај тоа што имаа многу шанси пред голот на противникот, а еднаш ја погодија и стативата. Серијата на шанси почна со обидот на Барсегјан уште во првите секунди од мечот, меѓутоа голманот Кандикјан одбрани. Истиот фудбалер во 9. минута шутира непрецизно, а потоа Барсегјан во 22. минута ја упати топката силно под пречката, но само по средината каде што Кандикјан изби во корнер. Веќе по изведениот корнер во прилика се најде Максимов, меѓутоа од само 6-7 метри не успеа да погоди во голот, па топката отиде само крај голот. Во 31. минута двојна шанса за Вардар. Најпрво Барсегјан од 13-14 метри се обиде, Кандикјан изби во корнер, а од изведниот корнер на Фелипе, Новак со глава ја погоди стативата.

Конечно, се тресеше мрежата на Скопје во 43. минута. Акцијата одеше од левата страна од која што Демири нафрли до Барсегјан, а Ерменецот го проигра Фелипе кој од прва од 22-23 метри беше прецизен во горниот десен агол од голот на Скопје.

Скопје имаше само две шанси во првиот дел. Најпрво Да Круз во 6. минута шутираше крај голот, а во 26. минута Пецов се најде во добра позиција, но неговиот обид беше одбранет од нашиот голман Алексовски.

Вториот дел исто со целосна доминација на Вардарци. Шансите се редеа, а зголемувањето на водството дојде нешто подоцна. Веднаш во првите секунди од натпреварот, Максимов нафрли до Барсегјан кој што упати удар но беше одбранет од Кандикјан. Во 60. минута Максимов се најде осамен пред голот на Скопје по проигрување на Блажевски, меѓутоа наместо во мрежата, ја погоди само стативата. Во 62. минута Блажевски излезе сам, топката оди над голот. Три минути подоцна повторно Блажевски, но топката отиде за малку крај голот.

Конечно, во истата минута Максимов успеа да се запише во листата на стрелците. Стојчевски убаво го проигра Русинот, а овој излезе сам, и го постигна првиот гол во дресот на Вардар и го зголеми водството.

Во 72. минута нова шанса преку Блажевски, шутира само крај голот на противникот.

Се играше 86. минута кога Вардар дојде до водство и од 3:0. Џигаури се обиде да проигра во нападот, но топката се одби од еден одбранбен играч на Скопје, повторно стигна до Џигаури кој што од 16 метри беше прецизен во голот на противникот. 

Вардарци на овој натпревар имаа доминација и во статистиката, и сосема заслужено дојде до триумфот. 

ВАРДАР - СКОПЈЕ       3:0 (1:0)

Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 400.

Судија: Стојанче Стојанов (Штип).

Стрелци: 1:0 Фелипе 43’, 2:0 Максимов 65’, 3:0 Џигаури 86’

Ж. Картони: Исени (В). 

ВАРДАР: Алексовски, Тодороски, Велковски, Новак, Демири, Марковиќ, Стојчевски, Фелипе (78’ Исени), Барсегјан (79’ Џигаури), Блажевски, Максимов (87’ Итало).

СКОПЈЕ: Кандикјан, Ужевски, Мишевски, Велкоски, Пецов, Личина, Јаневски (61’ Алексовски), Да Круз, Ѓурчиновски, Десниќ (81’ Димитровски), Џугурдиќ (70’ Демир).

СТАТИСТИКА

ВАРДАР           СКОПЈЕ

12          корнери        2

21/10     удари/во        2/1

17          прекршоци     8

6          офсајди          0

1          ж. картони      0

0          ц. картони      0

0          пенали            0

недела, 5 ноември 2017