Доколку се пласира во 3. коло од ЛШ, Вардар ќе игра против Копенхаген или Жилина

Доколку успее да го мине Малме преку вториот натпревар во вторник во Струмица, Вардаровиот тим во третото квалификациско коло ќе се сретне со победникот од двомечот помеѓу Жилина (Словачка) и Копенхаген (Данска). 

Првиот дуел од овие два тима заврши со победа на данскиот клуб од 1:3 на гостувањето во Словачка, што значи дека во вториот меч Копенхаген влегува со голема предност и се наоѓа пред пласман во следната рунда. Првиот натпревар, пак, помеѓу Малме и Вардар заврши нерешено 1:1.  

Според ждрепката на УЕФА, Вардар би ја играл првата средба на гостински терен на 25 или 26 јули, додека на реваншот на 1 или 2 август треба да биде домаќин на подобриот од овој дуел. 

петок, 14 јули 2017