Дојдете на дерби, да го поддржиме Вардар кон победа!

Утре на програмата е дербито помеѓу Вардар и Шкендија кое што е последно во оваа сезона. Ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а почнува од 16 часот. 

Фудбалскиот клуб Вардар уште еднаш ги повикува навивачите да дојдат и да го поддржат клубот кон победа на овој натпревар. Апелираме на фер и коректно однесување од трибините, без извици со навредливи содржини. Со коректно навивање да му помогнеме на Вардар да дојде до бодовите. 

Уште еднаш потсетуваме дека билети ќе се купуваат само со документ за лична идентификација. Секој кој ќе влезе на стадионот ќе биде проверуван, острите и цврстите предмети не смеат да се внесуваат на трибината. 

Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, и од тука ќе нема гостински симпатизери на трибината. 

Дојдете утре, и уживајте во ова дерби и навивајте за Вардар!

сабота, 13 април 2019