Дојде време за враќање дома

Завршивме со подготовките во Анталија, и денеска се враќаме во Скопје. Ние од техничкиот персонал на екипата, фудбалерите и стручниот штаб попладнево се враќаме дома. 

Во Анталија имавме одлични услови, работевме 20 дена, игравме пријателски натпревари со противници од различни земји, и подготвени се враќаме во Скопје. До почетокот на пролетниот дел продолжуваме да тренираме во нашиот тренинг камп.  

На крајот од овие подготовки направивме заедничка фотографија како спомен за овој зимски камп 2018 година во Турција. Кажуваме збогум на Анталија, до следното повторно видување. Место кое во последните три години ни носеше среќа, и беше предвесник на успешен пролетен дел на крајот од сезоната со освоена титула. Посакуваме и се надеваме дека така ќе биде и во оваа година, дека ќе запишеме уште една историја на најтрофејниот македонски клуб. Фудбалерите се подготвени на нова успешна пролет и на уште многу радосни моменти на нашиот тим. 

понеделник, 5 февруари 2018