Петмина играчи на Вардар настапија за своите селекции

Вчера и денеска пет играчи на Вардар настапија за своите репрезентации.

На вчерашниот натпревар помеѓу селекциите на Македонија и на Швајцарија до 19 години, во македонскиот национален тим цел меч одиграа Тодор Тодороски и Филип Антовски. Во вториот дел, во 81. минута во игра влезе и Филип Стојчевски, додека Бојан Колевски остана на клупата за резерви. Нашата репрезентација победи на натпреварот со 2:1. 

Денеска, пак, за сениорската репрезентација на Ерменија во дуелот со Белорусија стартери беа двајцата фудбалери Ховханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан. И додека Хамбарџумјан го одигра целиот натпревар, Барсегјан беше заменет во 76. минута од средбата. Ерменија победи со 4:1. 

Во наредните денови свои настапи очекуваат уште шест наши играчи. Бобан Николов, Висар Муслиу и Дарко Велковски очекуваат настапи во селекцијата на Македонија против Норвешка, додека Бесар Исени и Петар Петковски ќе чекаат шанса за репрезентацијата до 21 година против Австрија. Џамбул Џигаури, пак, ќе игра за Грузија во двата пријателски натпервари со Кипар и со Белорусија. Исто така Хамбарџумјан и Барсегјан ќе конкурираат за уште еден пријателски меч против Кипар. 

четврток, 9 ноември 2017