Дербито е прогласено за меч од висок ризик, билети само со лична карта

Вардар во недела (14.04) во рамките од 28. коло ќе го пречека составот на Шкендија. Дерби натпреварот ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, и неговиот почеток е закажан за 16 часот. Еве неколку информации од безбедносен карактер пред неделното дерби. 

Натпреварот е согласен за меч од висок ризик, и со тоа ќе важат посебни мерки на безбедност. 

На трибините ќе биде забранет влез на гостински навивачи. Сите гостински симпатизери кои ќе се обидат да влезат на стадионот, ќе бидат вратени, односно нема да им биде дозволен влез на стадионот. 

Влезниците ќе се купуваат исклучиво со покажување на документ за идентификација (лична карта). Ќе важи принципот една лична карта - една влезница. 

Забрането е внесување на тврди и остри предмети на трибината. Секој посетител ќе биде проверуван од безбедносните служби пред влезот на трибината. 

Ги повикуваме сите наши симпатизери во недела да дојдат на стадионот и да уживаат во овој дерби меч. Воедно, на оние кои ќе се најдат на трибината на стадионот „Борис Трајковски“, апелираме за коректна и фер поддршка на нашиот тим. 

петок, 12 април 2019