Денеска ждрепка за третото квалификациско коло од ЛШ

Со почеток во 12 часот, денеска во седиштето на УЕФА во Нион, ќе се изврши ждрепка за третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Вардар ќе го дознае својот можен противник, доколку успее да го мине Малме на натпреварот во вторник во Струмица.  

После првиот натпревар на гостувањето кај Малме, Вардар има добар резултат од 1:1. Сега на реваншот во Струмица, нашиот тим оди на пласман во следната фаза, кој ќе гарантира уште најмалку четири европски натпревари, со оглед дека евентуална елиминација од третото квалификациско коло ќе значи преселба во плеј-офот во Лигата на Европа. 

петок, 14 јули 2017