Денеска Вардар против Македонија ЃП во првиот меч од Купот

Во рамките од првиот 1/8 финален натпревар од Купот на Македонија, денеска Вардар како домаќин на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе го пречека тимот на Македонија Ѓорче Петров. Вториот натпревар се игра на 3. октомври, после кој ќе се знае патникот во 1/4 финалето. 

Вардарци во претходната фаза го совладаа тимот на Вардар Форино со 4:0, и продолжија во Купот. 

Денешниот натпревар се игра со почеток во 15:30 часот, а главен судија ќе биде Марјан Младеновски од Скопје. 

Во првенствениот меч, Вардарци го совладаа тимот на Македонија ЃП минимално со 1:0 на истиот стадион каде што ќе се игра и денешниот дуел. 

среда, 19 септември 2018