Денеска стартува пролетниот дел од сезоната, Вардар гостува на Шкендија

Денеска стартува пролетниот дел од сезоната 2018/2019, а Вардар првиот официјален натпревар ќе го игра во Тетово кај тимот на Шкендија. Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Тетово, со почеток во 14 часот. 

„Црвено-црните“ во моментов се на втората позиција на табелата со пет бодови заостанување од првото место, и со предност од исто толку пред третопласираниот состав на Академија Пандев. 

Дуелот ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје. 

недела, 17 февруари 2019