Денеска пријателски натпревар со Работнички

Денеска Вардар ќе го одигра првиот пријателски натпревар во текот на летните подготовки. Противник на нашиот тим ќе биде екипата на Работнички. 

„Контролата“ ќе биде одиграна со почеток во 18 часот, на теренот на тренинг кампот на Вардар во Хиподром. 

Иако првично беше закажана на теренот на АМС во населба Аеродром, сепак, поради обилните врнежи од дожд кои придонесоа да нема услови за игра, се презакажа за тренинг кампот. 

среда, 10 јули 2019