Последниот контролен натпревар на зимските подготовки

Денеска од 13:30 часот, Вардар ја игра последната „контрола“ на зимските подготовки во Турција. Противник на нашиот тим ќе биде вториот тим на Рубин Казан, односно филијалата на рускиот прволигаш и некогашен првак Рубин. Натпреварот ќе се игра во Сиде. 

За Вардарци, најверојатно, ќе добијат шанса оние кои не настапија на вчерашниот меч против Александрија, со оглед дека неколкумина на тој меч играа по 90. минути. 

Вардаровата експедиција утре се враќа во Скопје каде што ќе продолжи да се подготвува до почетокот на пролетниот дел од првенството. 

недела, 3 февруари 2019