Демири: Мислиме само на победа

Во рамките од 28. коло од ПМФЛ, Вардар гостува на стадионот во Чаир на екипата на Шкупи. Тоа ќе биде и почеток на последната четвртина од првенството во која нашиот тим влегува со 11 бодови предност пред конкурентите.

Очекувањата од натпреварот со Шкупи и гостувањето на Чаир ги искажа Вардаровиот лев бек Бесир Демири кој што во минатото беше дел од оваа екипа.

„Добро е познато дека одиме на победа на овој натпревар. На нов триумф во првенството со кој што ќе се зацврстиме на првата позиција на табелата и ќе ја задржиме предноста која ја стекнавме до сега. Го цениме противникот и знаеме дека нема да биде лесно, меѓутоа подготвени сме да дадеме максимум за да ги освоиме бодовите од овој натпревар. Се надевам дека со тоа ќе продолжи и нашата серија на победи. Атмосферата во екипата на Вардар е одлична, и се надевам дека тоа ќе придонесе за нови три бода и во недела“, изјави Демири.

петок, 21 април 2017