Даниел Аврамовски нов играч на Вардар

Вардар доби ново засилување во своите редови во името на Даниел Аврамовски. 23-годишниот фудбалер од средниот ред денеска го стави потпис на договорот со нашиот тим до крајот на актуелната сезона.

Аврамовски е поранешен младински репрезнтативец на Македонија. Во нашиот играше за Македонија Ѓорче Петров, Работнички, пред да замине во Србија во екипата на Црвена Звезда. Играше за Олимпија Љубљана, потоа за Војдовина, и последните шест месеци повторно го мина во словенечкото првенство, во Олимпија.

При потписот Аврамовски откри дека како мал навивал за Вардар, и практично му се исполни сонот да настапува во дресот на „црвено-црните“.

„Драго ми е што потпишав за Вардар. Можам да кажам дека уште од мал навивам за Вардар, иако играв за други клубови. Сега практично ми се оствари сонот да играм за овој клуб“, рече Аврамовски.

Вардарци се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната, а Аврамовски сега ќе се приклучи на екипата. Тој очекува брзо да се адаптира поради тоа што со голем дел од играчите добро се познава.

„Очекувам брзо да се адаптирам затоа што со голем дел од играчите се знам. Сум играл со нив и по репрезентација и по клубовите, добро ме познаваат, добри ги познавам и јас нив. Во пролетниот дел пред се добра игра како екипа, и нормално добри резултати.  Знам дека од Вардар секогаш се бараат победи, резултати, знам како е да се носам со тој предизвик. Целта ни е секако титулата, а излезот во Европа не треба да биде доведен во прашање. Со нетрпение очекувам да се приклучам на подготовките на екипата, да се наметнам на стручниот штаб, и потоа низ пролетниот дел да бележиме добри резултати“, вели Аврамовски.

Добродојде во Вардар Даниел!

среда, 6 февруари 2019