„Црвено-црните“ тргнаа кон Анталија

Експедицијата на Вардар предводена од фудбалерите, стручниот штаб и дел од раководството, утринава се упати кон турскиот град Анталија, каде што „црвено-црните“ ќе го одработат главниот дел од овие зимски подготовки. 

Вардарци ќе останат во Турција во следните три недели, во кои што покрај тренинзите, ќе играат и шест пријателски натпревари низ кои главен акцент ќе биде ставен на воигрувањето на екипата. 

Попладнево Вардар ќе пристигне во својата база во хотелот „Каја Палацо“, а ќе го одработи и својот прв тренинг. За сите информации поврзани со нашиот клуб низ подготовките во Анталија, информирајте се на нашата официјална веб страница. 

понеделник, 15 јануари 2018