„Црвено-црните“ со триумф над Касимпаша ги завршија подготовките во Словенија

Вардар со победа се „одјавува“ од подготовките во Словенија. Во последниот натпревар одигран денеска под рефлектори, нашиот тим беше подобар од турската екипа Касимпаша. Стрелец на единствениот гол кој ја донесе победата беше Ибиши во 55. минута. Главно натпреварот беше тврд, со малку шанси на двете страни.

Првата шанса за Турците дојде преку Ердоган кој шутираше прецизно, но Гачевски изби во корнер. Во 13. минута Аврамовски се обиде со лоб, но топката оди за малку над голот. Во 15. минута одлична шанса за Ибиши кој од непосредна близина не успеа да погоди. Во 34. минута уште една одбрана на Гачевски кој повторно изби во конер по ударот на Халили.

Голот се случи во 55. минута. По одличното додавање од страна на Тошевски, Ибиши од левата страна од 3-4 метри одкосо од речиси „мртов агол“ успеа да погоди во целта.

Во 67. минута турскиот тим ја погоди стативата од слободен удар.

Тоа беше се од пријателски мечеви во Словенија. Вардар дојде до две победи, и еден пораз во завршените контролни натпревари. Другите два не завршија поради лошо време.

Фудбалерите и стручниот штаб утре ќе го одработат последниот ден од подготовките, и во попладневните часови се враќаат во Скопје.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ

Фото: Денис Дуковски

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

ВАРДАР - КАСИМПАША        1:0 (0:0)

Стадион: НК Алуминиј во Кидричево.

Стрелец: Ибиши 55’

Ж. Картони: Брдаровски (В) - Кара, Хафел (К).

Ц. Картони: Аврамовски 68’ (В) - Павелка 68’ (К)

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Серафимов, Новак, Жуниор, Најдовски, Мицевски, Аврамовски, Брдаровски, Цветаноски, Ибиши. Уште играа: Колевски, Мустафа.

КАСИМПАША: Ќесе, Попов, Хафел, Сари, Фернандес, Кара, Павелка, Халили, Депе, Ердоган, Коита.

 

СТАТИСТИКА

ВАРДАР       КАСИМПАША

5/2      удари/во     6/4

2         корнери       6

14        прекршоци     16

5         офсајди         2

1         ж. картони     2

1         ц. картони      1

среда, 31 јули 2019