„Црвено-црните“ со пораз од Бачка во третата контрола

Тимот на Вардар денеска беше поразен од српскиот прволигаш Бачка Топола со 2:1 во третиот пријателски натпревар во Анталија. Во последните мигови Вардарци имаа шанса да избегнат пораз, но не успеаја да ја искористат. 

Првата шанса на мечот за Бачка кои во 24. минута ја погодија пречката од голот на Вардар. Во 34. минута имаа уште една прилика кога Илиќ со крајни напори одбрани, а противникот стигна со водство. По центаршутот од десната страна, топката дојде до Зец кој што шутира неодбранливо.

Во 45. минута шанса за Вардар преку Брдаровски кој шутираше по земја од слободен удар, за голманот на Бачка да интервенира.

Аксeнтијевиќ во 46. минута дојде до позиција од дваесетина метри, и погоди за водство од 2:0. Седум минути подоцна нова шанса за Бачка, но шутот беше блокиран од Тошевски.

Во 53. минута Вардар имаше шанса откако Колевски се обиде да го проигра осамениот Жуниор, но во последен момент одбраната на Бачка интервенираше. Сепак, нашиот тим стигна до гол во 83. минута кога Колевски погоди по центаршутот од Жуниор, откако од десетина метри ја смести топката во голот.  

Жуниор ја имаше шансата да дојде до израмнување, меѓутоа во 87. минута излезе сам по проигрување од Велковски, но голманот на Бачка одбрани.

недела, 26 јануари 2020