„Црвено-црните“ одиграа без голови со Ренова

Вардарци одиграа без голови на дуелот со Ренова во денешното 11. коло од Првата лига. На „Борис Трајковски“ се одигра еден цврст дуел меѓу двата тима со малку шанси, во кој што „црвено-црните“ беа тим со позрела шанса, меѓутоа на крајот мораше да се задоволат само со еден бод.

Тешко доаѓаа Вардарци до срели шанси. Ветерот создаваше проблеми и на двата тима, а вреди да се одблежи шансата на Вилијан Лира во 38. минута кога од добра позиција не успеа да ја затресе мрежата на гостите од Тетово.

Во второто полувреме нешто похрабра и поофанзивна игра на „црвено-црните“. Меѓутоа одново немаше завршница кон голот на Кобетиќ. Се играше 72. минута кога Вардар преку Цветаноски се закани, меѓутоа топката отиде само крај голот на гостинската екипа.

Ренова во текот на целиот натпревар не создаде некоја посериозна шанса, и главно повеќе мислеше на сопствениот гол отколку на противничкиот, и успеа во намерата. На моменти гостите од Тетово и со прекршоци се обидуваа да ги сопрат домашните играчи, и поради тоа добија четири жолти картони. Вардарци и во вториот меч со „гипсарите“ во оваа сезона, успеваат да ја сочуваат мрежата „чиста“ и да не му дозволат на противникот да се радува. Во Тетово Вардар триумфираше со 1:0.

ВАРДАР - РЕНОВА           0:0

Стадион: „Борис Трајковски“ во Скопје.

Гледачи: 300.

Судија: Стојанче Стојанов (Штип).

Стрелци: /

Ж. Картони: Битанг (В) - Сулејмани, Стојановски, Рамадани, Јусуфи (Р).

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Манев, Битанг, Лира, Мицевски, Новак, Најдовски, Попзлатанов, Тодороски (72’ Цветаноски), Брдаровски (81’ Талески).

РЕНОВА: Кобетиќ, Зука (89’ Садики), Силва (67’ Јусуфи), Кадриу (33’ Рамадани), Нухи, Сулејмани, Стојановски, Мишковски, Фетаи, Велија, Абдула.

недела, 28 октомври 2018