„Црвено-црните“ го одржаа денешниот тренинг

Денеска Вардаровите фудбалери својот тренинг го одработија претпладне, а не во стандарниот термин во 17 часот како што беше тоа во текот на вчерашниот ден. 

Играчите се подготвуваат за натпреварот со Ренова во рамките од 34. коло од ПМФЛ кој што се игра во недела на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. 

Се работеше на физичкиот и на техничко-тактичкиот дел, се со цел играчите подготвени да го дочекаат неделниот натпревар, со кој ќе се заокружи 34. круг од шампионатот, а до крајот потоа ќе останат уште два натпревари со Пелистер на гости и со Силекс на домашен терен.

Денешниот тренинг го пропуштија Владица Брдаровски и Хофханес Хамбарџумјан кои што се повредени и моментално се надвор од тренажен процес. 

среда, 17 мај 2017