Четири играчи на Вардар настапија за репрезентациите

Денеска четири фудбалери на Вардар настапија за своите репрезентации, и сите забележаа победи со своите селекции. 

Најпрво младите играчи Филип Антовски и Тодор Тодороски играа цел натпревар за селекцијата на Македонија до 19 години, која што ја совлада Белгија, и се пласираше во „елитната“ рунда. Претходно оваа репрезентација беше подобра и од Швајцарија. 

Вечерва, пак, за сениорската репрезентација на Македонија, цел натпревар одигра Дарко Велковски, а Бобан Николов влезе во 76. минута од средбата. Македонија ја совлада Норвешка во пријателски натпревар со 2:0. 

сабота, 11 ноември 2017