Брдаровски го одигра 100-тиот официјален натпревар за Вардар

Десниот бек на Вардар Владица Брдаровски, денеска го одигра 100-тиот официјален натпревар во дресот на „црвено-црните“. Неговиот јубилеј беше заокружен со триумф над Македонија Ѓорче Петров од 3:1, и тоа му беше најубавиот подарок на фудбалерот. 

ФК Вардар на Брдаровски му го честита јубилејот, и му посакува успешни настапи, победи и титули во „црвено-црниот“ дрес. 

 

недела, 3 март 2019