Блажевски од пенал донесе победа на Вардар против Академија Пандев

Дејан Блажевски од белата точка му донесе победа на Вардар на гостувањето во Струмица кај тимот на Академија Пандев. Со тоа „црвено-црните“ дојдоа до првиот триумф во сезонава, по стартниот пораз од Борец на домашен терен. 

Сето тоа се случуваше во 75. минута, кога еден од домашните одбранбени играчи стартуваше врз Цветаноски. Беше покажан пенал, а Блажевски две минути подоцна реализираше за водство и на крај за победа. 

Во 65. минута беше исклучен голманот на Академија Пандев откако доби втор жолт картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот. Сето тоа Вардат го искористи да дојде до првите три бода. 

Во првиот дел Вардар имаше доминација. Реџепи ја погоди стативата, а потоа и шанса преку Мицевски од слободен удар. 

Следниот меч Вардар го игра со Силекс како домаќин, но ќе мора без Јован Попзлатанов кој во 90. минута доби црвен картон.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР 0:1 (0:0)
Стадион: „Благој Истатов“, во Струмица. Гледачи: /
Главен судија: Кирил Смоквоски од Прилеп.
Ж. Картони: Алчевски, Стоилов, Миловановиќ, Николов (А), Колевски, Попзлатанов (В).
Црвен картон: Алчевски 63’ (А), Попзлатанов 90’ (В).
Стрелец: 1:0 Дејан Блажевски 77’ пенал.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Алчевски, Димов, Илиев, Серафимов (Николов 39’), Димоски, Миловановиќ, Скендери (Трапановски 46’), Талаков (Купанов 65’), Стоилов, Томовски (Томиќ 62’), Радески.
ВАРДАР: Илиќ, Велкоски, Радуловиќ, Лазаревиќ (Блажевски 75’), Д. Велковски, Наумчески, Мицевски, Поплатанов, Цветановски (Стојановски 88’), Колевски (Петковски 84’), Реџепи (Најденов 75’).

недела, 16 август 2020