Барсегјан одново ќе игра за ерменската репрезентација

Тигран Барсегјан повторно е повикан во националниот тим на Ерменија за натпреварите во Лигата на Нации против Гибралтар и против Македонија. 

Ерменскиот интернационалец е стандарден член на својата репрезентација, а во мечот со Лихтенштајн на домашен терен постигна и еден гол. Играше и на натпреварот во Скопје против Македонија во кој нашата селекција победи со 2:0. 

Претходно во македонската репрезентација беше повикан Кристијан Тошевски, со тоа има шанси во Ереван на 16. октомври да имаме дуел меѓу двајцата Вардарови играчи, доколку настапат. 

Во младинската селекција на Македонија беше повикан и Тодор Тодороски за мечевите со Русија и со Гибралтар. 

понеделник, 8 октомври 2018