Барсегјан играше за Ерменија во Скопје

Уште еден настап за ерменскиот национален тим забележа Тигран Барсегјан. Вечерва интересно играше на Националната Арена „Филип Втори“ како „гостин“ со својата селекција против Македонија. 

Македонија беше подобра од ерменската селекција совладувајќи ја со 2:0, а Барсегјан мина на теренот до 77. минута кога беше заменет. Кај Македонија Кристијан Тошевски не доби шанса да игра на овој меч. 

Со ова завршија настапите на сениорските репрезентативци, додека остануваат уште настапите на фудбалерите за младинските селекции, меѓу кои и Тодор Тодороски кој ќе чека настап за селекцијата на Македонија до 21 година против Ерменија на 11-ти септември во Скопје.

недела, 9 септември 2018