Австрија е следна дестинација за „црвено-црните“

Вардарци во саботата попладне го одработија и последниот тренинг пред заминувањето на подготовки во Австрија.

Играчите и стручниот штаб во недела претпладне ќе пристигнат во Бад Татцмансдорф, каде ќе останат во следните две седмици. Покрај тренинзите, за подобра подготовка на екипата, ќе бидат одиграни и меѓународни пријателски натпревари.

На екипата на подготовките во Австрија ќе се приклучат и Бразилците Џонатан Боарето и Хуан Фелипе, како и интернационалците од Ерменија и од Грузија, Тигран Барсегјан и Џамбул Џигаури. Екипата ќе се комплетира со доаѓањето на шестмината млади репрезентативци по завршувањето со обврските со селекцијата.

За сите новости на подготовките во Австрија, информирајте се на нашата официјална веб страница.

сабота, 17 јуни 2017