Акредитирање на медиуми за натпреварот Вардар - Силекс

Почитувани медиуми,

Фудбалскиот клуб Вардар информира дека во тек е акредитирањето за новинари и фоторепортери за првенствениот натпревар од 3. коло помеѓу Вардар и Силекс, кој ќе се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје во недела (23. август 2020 година) во 17 часот. 

Согласно протоколите, и потребата да се достави список на новинари и фоторепортери кои ќе присуствуваат на натпреварот до делегатот на мечот непосредно пред почетокот на истиот, ќе бидат разгледани сите барања испратени до сабота (22. август 2020 година) до 17 часот, односно 24 часа пред мечот. ФК Вардар го задржува правото да одбива новинари и фоторепортери со оглед дека бројката поради пандемијата на коронавирусот е ограничена на шест новинари и двајца фоторепортери. 

Без испратено барање не може да се најдете на списокот, а доколку ве нема на списокот не постои можност да влезете на трибините како медиумски работник. Вашите барања испраќајте ги на следната адреса: press@fkvardar.mk

Потсетуваме дека од секој медиум, има право да се акредитира само по еден медиумски работник.

Сите кои ќе се најдат на списокот, ги изестуваме дека се должни да ги почитуваат мерките, односно задолжително да носат заштитна маска, да држат дистанца, и да потпишат изјава на влезот од стадионот. Сите баратели на акредитации ќе добијат повратна информација дали нивното барање е прифатено или одбиено во сабота по 17 часот. Молиме на разбирање на сите кои ќе бидат одбиени во овие вонредни услови.

Апелираме на сите оние кои ќе се најдат на списокот кои ќе бидат на натпреварот, да им излезат во пресрет на останатите медиуми со давање информации и фотографии. Да бидеме колегијални во овие вонредни услови поради пандемијата од коронавирусот.

Воедно, потсетуваме дека натпреварот ќе биде емитуван во живо на МТВ и на Арена спорт. 

среда, 19 август 2020