Акредитирање на медиуми за мечот Вардар - Шкендија

Фудбалскиот клуб Вардар информира дека во тек е акредитирањето за новинари и фоторепортери за првенствениот натпревар од 9. коло помеѓу Вардар и Шкендија, кој ќе се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје во сабота (17.10.2020) со почеток во 14:30 часот. 

Согласно протоколите, и потребата да се достави список на новинари и фоторепортери кои ќе присуствуваат на натпреварот до делегатот на мечот непосредно пред почетокот на истиот, ќе бидат разгледани сите барања испратени до петок (16. октомври 2020 година) до крајот на денот. ФК Вардар го задржува правото да одбива новинари и фоторепортери со оглед на ограничувањата поради пандемијата. 

Без испратено барање не може да се најдете на списокот, а доколку ве нема на списокот не постои можност да влезете на стадионот како медиумски работник. Вашите барања испраќајте ги на следната адреса: press@fkvardar.mk

Потсетуваме дека од секој медиум, има право да се акредитира само по еден медиумски работник. Не е дозволено внесување на камери и снимање на натпреварот. 

Сите кои ќе се најдат на списокот, ги изестуваме дека се должни да ги почитуваат мерките, односно задолжително да носат заштитна маска, да држат дистанца, и да потпишат изјава на влезот од стадионот. Сите баратели на акредитации ќе добијат повратна информација дали нивното барање е прифатено или одбиено. Молиме на разбирање на сите кои ќе бидат одбиени во овие вонредни услови.

 

четврток, 15 октомври 2020