Акредитирање на медиуми за мечот Вардар - Реал Сосиедад

Фудбалскиот клуб Вардар ги известува сите медиуми дека од денеска (10.10.2017 година), почнува акредитирањето за натпреварот од третото коло во групната фаза од Лигата на Европа помеѓу Вардар и Реал Сосеидад (Шпанија). 

Акредитирањето ќе трае до недела (15.10.2017 година) до 23:59 часот. СИТЕ БАРАЊА ИСПРАТЕНИ ПОСЛЕ РОКОТ, НЕМА ДА БИДАТ ЗЕМЕНИ ВО ПРЕДВИД. 

НАПОМЕНА: Согласно барањата на УЕФА, секој медиум е должен да испрати барање на меморандум со потпис и печат од одговорно лице (уредник, директор), како и новинарски легитимации од акредитираните лица. Доколку медиумот има испратено легитимации претходно, односно за минатиот натпревар против Зенит, тогаш ќе треба да испрати само барање со меморандум и потпис и печат на одговорно лице за овој натпревар, доколку станува збор за истите медиумски работници кои ќе бидат акредитирани. 

Барањата за акредитации, испраќајте ги на следната е-маил адреса: press@fkvardar.mk

Дополнително ќе бидете извесени на кој начин ќе можете да ги подигнете Вашите новинарски акредитации во текот на идната недела, односно пред натпреварот Вардар - Реал Сосиедад. Без акредитации нема да може да се присуствува ниту на офиијалните прес конференции ниту на тренинзите на двата тима на Арената „Филип Втори“. 

вторник, 10 октомври 2017