Трофеи

ВИТРИНИ ПОЛНИ ТРОФЕИ
Низ својата 68-годишна историја, ФК Вардар со бројните наслови освоени на домашната сцена по осамостојувањето на Македонија, но и претходно за време на настапите во натпреварувањата во поранешна СФРЈ, едноставно сам на себе неизбежно си го прилепи епитетот – најтрофеен македонски клуб.

Првиот тим на ФК Вардар се врзува за вкупно 18 трофеи досега освоени во сениорска конкуренција, при што секако како ударни трофеи се издвојуваат деветте титули шампион на Македонија, но и шампионскиот трофеј од 1987 во првенството на поранешна СФРЈ. Неизбежно тука се забележува и Купот на Маршал Тито освоен во сезоната 1960/61.

Од меѓународните настапи како позабележителни резултати се полуфиналето во Митропа Купот во сезоната 1967/68, како и балканската вицешампионска титула од 1974 година. 


ТРОФЕИ И НАЈГОЛЕМИ УСПЕСИ

  • Шампион на Македонија: 1992/93, 1993/94, 1994/95, 2001/02, 2002/03, 2011/12, 2012/13, 2014/15, 2015/16
  • Шампион на СФРЈ: 1986/87
  • Победник на Куп на Македонија: 1992/93, 1994/95, 1997/98, 1998/99, 2006/07
  • Суперкуп на Македонија: 2013, 2015
  • Победник на Куп на СФРЈ: 1960/61
  • Шампион на републичко првенство на Македонија: 1947, 1955/56
  • Митропа Куп: полуфинале (1967/68)
  • Турнир "Вуко Каров" - Кавадарци: Победник (1993, 2001, 2006), 2. место (2011)
  • Балкански Куп: 2.место (1974)
  • Најзабележителен европски настап во независна Македонија: 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите - сезона 2003/2004