Центарфор
89

Џонатан Боарето Дос Реис

Роден: 
20.4.1989
Место: 
Рио Де Жанеиро - RJ
Бразил
Биографија 

Џонатан Боарето Дос Реис или како што го нарекуваат Балотели, е роден во Рио Де Жанеиро на 20 април 1989 година. Во Вардар дојде во летниот преоден рок во 2016 година како засилување во нападот на екипата. Во својата кариера пред доаѓањето во Вардар има настапувано само во својата родна земја во повеќе екипи. Тој ја почнал својата кариера во Виторија, а потоа настапува за екипите на Фрибургуенсе, Паскеира, Спорт Ресифе, Макае, Куиаба, Калдас Новас, а од тимот на Траблхадоре дојде во Вардар. Својот прв настап во „црвено-црниот“ дрес го имаше на домашен терен против Динамо Загреб во квалификациите од Лигата на шампионите 2016 година.