Десно крило
87

Влатко Грозданоски

Роден: 
30.1.1983
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Миленикот на вардаровите навивачи Влатко Грозданоски е роден во нашето „црвено-црно“ Скопје, на 30 јануари 1983 година. Како младинец настапуваше за тимот на ССК, од скопската населба Драчево, додека сениорската кариера ја започна во екипата. на Цементарница. За нашиот клуб, Грозданоски дебитираше во сезоната 2002/03, кога Вардар ја освои петтата првенствена титула, во независна Македонија. На меѓународен план, Грозданоски има одиграно точно 50 натпревари за македонската репрезентација, додека во богатата клупска кариера како „печалбар“ настапуваше за екипите на Омонија, Војводина, АЕЛ од Лимасол, Лиаонинг и Персеполис. Нашиот играч за врска, во „црвено-црното“ јато се враќаше на два пати, прво во 2011, а потоа и две години подоцна. Домашните љубители на фудбалот го паметат и како стрелец на водечкиот погодок во Москва, кога Вардар ја совлада домашната ЦСКА со 2-1, во квалификацискиот натпревар од Лигата на Шампионите.