Голман
28

Томе Пачовски

Роден: 
28.6.1982
Место: 
Битола
Македонија
Биографија 

Нашиот прв чувар на мрежата, Томе Пачовски е роден во „градот на конзулите“ - Битола, на 28 јуни 1982 година. Потекнува од младинската школа на тимот на Пелистер, каде и ја започнува својата професионална кариера. Потоа настапуваше и за скопски Работнички, од каде што во сезоната 2008/09 за прв пат дојде во редовите на нашиот клуб. По една година мината меѓу вардаровите стативи, Пачовски изгради успешна меѓународна кариера, бранејќи за белгиските Жерминал Бершот и Мехелен.

На почетокот од 2015 година, искусниот голман повторно се врати во „црвено-црното“ јато и со своите бравурозни интервенции, му помогна на нашиот клуб да дојде до осмата шампионска титула во домашното првенство. Во својата импресивна биографија, Пачовски исто така има запишано и 46 настапи, како чувар на репрезентативната мрежа.