Центарфор
11

Тигран Барсегјан

Роден: 
22.9.1993
Место: 
Ереван
Ерменија
Биографија 

Тигран Барсегјан е роден во Ереван, Ерменија на 22. септември 1993 година. Игра на сите офанзивни позиции во тимот. Може и како најистурен фудбалер во нападот, како и на крилните позиции во екипата. Барсегјан во Вардар дојде летото 2016 година, но првиот настап за екипата на официјален натпревар го имаше во февруари 2017 година. 

За Барсегјан Вардар му е прв интернационален предизвик. Тој пред да дојде во нашиот тим, играше во домашните клубови Банантс, Гандзасар и Мика, а  токму од тимот на Гандзасар потпиша за Вардар. 

Барсегјан има и искуство со играње во репрезентација. Покрај тоа што беше дел од младинската селекција на Ерменија, има настапи и за сениорската репрезентација на својата земја како на пријателски, така и на официјални натпревари.