Дефанзивен играч за врска
8

Стефан Спировски

Роден: 
23.8.1990
Место: 
Битола
Македонија
Биографија 

Нашиот играч за врска Стефан Спировски е роден на 23 август 1990 година, во „градот на конзулите“, Битола. Потекнува од младинската школа на фудбалскиот клуб Пелистер, каде и ја започна својата професионална кариера. Како интернационалец, Спировски настапуваше четири години за српскиот тим Борац од Чачак, за потоа да одигра и една сезона во бугарскиот прволигаш Берое од Стара Загора. Во меѓувреме, мина една сезона како позајмен играч во редовите на четирикратниот македонски првак, Работнички.

Од почетокот на 2015 година, Спировски е фудбалер на Вардар. Во својата фудбалска биографија, нашиот играч од средината на теренот, може да се пофали и со пет одиграни натпревари во дресот со државните бои.