Десно крило
97

Петар Петковски

Роден: 
3.1.1997
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Роден на 3 јануари 1997 година во Скопје, Петар Петковски е еден од најмладите во редовите на Фудбалскиот Клуб Вардар. Игра на крилните позиции во офанзивните редови и со оглед на тоа што потекнува од нашата младинска школа, Вардар засега е првиот и единствениот клуб во неговата професионална кариера. За првиот тим дебитираше со осум одиграни натпревари во сезоната 2014/15, кога „црвено-црните“ по осми пат во својата историја ја освоија шампионската круна во првата македонска лига.