Дефанзивен играч за врска
16

Никола Глигоров

Роден: 
15.8.1983
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Долгогодишниот македонски репрезентативец, Никола Глигоров е роден на 15 август 1983 година, во главниот град, Скопје. Својата професионална кариера Глигоров ја започна во екипата на Алумина, додека за тимот на Вардар дебитираше во сезоната 2004/05, откако претходно настапуваше за скопска Цементарница. Потоа во неколку наврати од неговата кариера, искусниот центархалф наизменично го менуваше „црвено-црниот“ дрес, со оној на соседот на Работнички. На меѓународен план, Глигоров има играно и за екипите на Бежанија од Србија, Алки Ларнака од Кипар, како и за азербејџанскиот Казар Ланкаран. Играчот од средината на теренот, кој може да се пофали со повеќе од 20 одиграни средби во дресот со државните обележја, на почетокот од сезоната 2014/15 се врати во редовите на нашиот клуб.