Центарфор
72

Максим Максимов

Роден: 
4.11.1995
Место: 
Воронеж
Russia
Биографија 

Напаѓачот Максим Максимов во последните денови од летниот преоден рок 2017 година, стана дел од Вардар. Дојде од екипата на Тракаи (Литванија), а претходно настапуваше во литванскиот тим Атлантас, и во руските екипи Факел и Воронеж. 

Максимов е роден токму во Воронеж во 1995 година. Тој е првиот интернационалец од Русија кој што настапува во дресот на „црвено-црните“. Своето деби го имаше против Шкендија на 14 октомври 2017 година во меч во кој што изнуди удар од белата точка во победата на Вардар од 4:2.