Центарфор
48

Итало Дос Сантос

Роден: 
12.1.1988
Место: 
Масеио - AL
Бразил
Биографија 

Итало Хозе Оливеира Дос Сантос, или само Итало, е роден во Масеио, Бразил. Првите фудбалски чекори ги прави во тимот на Коринтијанс Алагоано, каде што се задржува до 2005 година. Потоа доаѓа во Европа, во Португалија каде што игра за тимот на Маритимо. Во 2009 година се враќа во Бразил во составот на Интернасионал, а потоа од 2012 до 2013 година поново е дел од Маритимо. 

Од тогаш па се до потписот со Вардар, настапува за неколку екипи, како: Паулиста, Аудаш, Гуарантигета, Атлетико Параненсе, Сао Паоло и ЦРБ. 

Итало стана дел од Вардар во август 2017 година. Со нашиот тим потпиша на една година, со можност да биде продолжен на уште една.