Голман
1

Игор Алексовски

Роден: 
24.2.1995
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Нашиот голман Игор Алексовски е роден на 24 февруари 1995 година, во Скопје. Во својата кариера, Алексовски настапувал за Македонија Ѓорче Петров, каде што ги мина сите младински категории и стигна до сениорскиот тим на оваа екипа. Особено ќе се паметат неговите одбрани во дресот на младата репрезентација на Македонија која што обезбеди пласман на Европското првенство во Полска во 2017 година. Тој е иднината на голманите во Македонија. Алексовски е во Вардар од летниот преоден рок 2016 година, а своето деби во голманскиот дрес на најтрофејниот македонски тим го имаше на натпревар од Лигата на шампионите против Динамо во Загреб.