Централен играч за врска
70

Хуан Фелипе Рибеиро

Роден: 
5.12.1987
Место: 
Сао Висенте - SP
Бразил
Биографија 

Бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе Алвес Рибеиро е роден на 5 декември 1987 година, во крајбрежниот град Сао Висенте. Во својата татковина, Фелипе има играно за екипите Санто Андре, Ред Бул Бразил, Ориенте Петролеро и Сао Карлос. На почетокот од сезоната 2014/15, нашиот Бразилец пристигна на печалба во Европа, како играч на ЦСКА од Софија. Но откако повеќекратнот бугарски шампион, поради административни неправилности беше исфрлен во најнискиот ранг на натпреварување кај нашиот источен сосед, Фелипе премина во редовите на Вардар, покажувајќи се како големо засилување за нашиот клуб.