Десен бек
19

Ховханес Хамбарџумјан

Роден: 
4.10.1990
Место: 
Ереван
Ерменија
Биографија 

Фудбалерот кој настапува на десната бековска позиција, Ховханес Хамбарџумјан е роден во Ереван, главниот град на Ерменија, на 4 октомври 1990 година. Стандардниот ерменски репрезентативец, дресот со „црвено-црните“ бои го носи од почетокот на сезоната 2014/15. Претходно, во периодот од 2008 до 2014 година, настапуваше за тимот на Банантс, со кого успеа да ја освои шампионската титула во првенството на Ерменија, пред да мине во вардаровите редови. За националниот тим на својата татковина, Хамбарџумјан има одиграно повеќе од десет натпревари.