Лев бек
3

Горан Попов

Роден: 
2.10.1984
Место: 
Струмица
Македонија
Биографија 

Нашиот искусен фудбалер на левата бековска позиција, Горан Попов е роден во Струмица, на 2 октомври 1984 година. Кариерата ја започна во екипата на Беласица, од каде во 2004 година направи трансфер во грчкиот АЕК, за во летниот преоден рок да премине во редовите на белградска Црвена Ѕвезда. Во својата импресивна интернационална биографија, Попов настапуваше и за екипите на Егалео, Херенвен, Динамо Киев и Вест Бромвич Албион, со што се вбројува како еден од ретките македонски фудбалери кои настапувале во првенствата на Холандија, Украина и Англија.

На почетокот од сезоната 2014/15, левиот бек повторно се врати на домашната сцена, овој пат во редовите најтрофејниот македонски клуб, Вардар. За репрезентацијата на Македонија, има одиграно 46 натпревари, на кои постигнал два погодоци во противничките мрежи.