Десно крило
22

Филип Стојчевски

Роден: 
4.2.1999
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Нашиот играч од офанзивниот дел Филип Стојчевски е роден на 4 февруари 1999 година во Скопје. Во Вардар доаѓа во летниот преоден рок 2016 година од таборот на скопски Металург. Добива шанса да дебитира во Куп натпревар против Влазерими истата година кога се запиша и во листата на стрелците, а во првенството своето деби во „црвено-црниот“ дрес во првенството го има на натпревар со Силекс во Кратово. Младиот играч игра како крилен фудбалер, иако може да игра и во средниот ред како офанзивен играч за врска.