Стопер
21

Евгениј Новак

Роден: 
1.2.1989
Место: 
Киев
Украина
Биографија 

Украинскиот интернационалец кој игра на централните позиции во одбраната, Евгениј Новак е роден на 1 февруари 1989 година во Киев, главниот град на Украина. Професионалната кариера ја започнува во најтрофејниот украински клуб Динамо Киев, додека во Премиер Лигата на својата родна земја, има настапувано и за екипите на Севастопол, односно Волин Лутск. Откако за време на летниот преоден рок, мина пробен период во редовите на Вардар, каде успеа да ги задоволи критериумите на стручниот штаб, Новак на почетокот од тековната сезона и официјално потпиша едногодишен договор со нашиот клуб.