Лево крило
9

Дејан Блажевски

Роден: 
6.12.1985
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Вардаровиот голгетер Дејан Блажевски е роден во Скопје, на 6 декември 1985 година. Професионалната фудбалска кариера ја започна во редовите на битолски Пелистер, по што во периодот од 2008 до 2012 година, настапуваше за грчките второлигаши Агротикос Астерас, Вериа и Пиерикос Катерини. На домашната сцена, Блажевски направи „кам-бек“, како играч на прволигашот Турново, каде во сезоната 2013/14, со 19 постигнати погодоци го освои признанието за најдобар стрелец во првата македонска лига.

Откако мина шест месеци во редовите на азербејџанскиот Казар Ланкаран, Блажевски за прв пат во својата сенорска кариера, го облече дресот на Вардар, со светите „црвено-црни“ бои. Нашиот офанзивен фудбалер кој игра подеднакво добро на обете крилни позиции, исто така има одиграно и неколку натпревари за А-Селекцијата на Република Македонија.