Дефанзивен играч за врска
14

Дарко Велковски

Роден: 
21.6.1995
Место: 
Скопје
Македонија
Биографија 

Стандардниот младински репрезентативец на Македонија, Дарко Велковски е роден во Скопје, на 21 јуни 1995 година. Потекнува од школата на „соседот“ Работнички, каде за првиот тим дебитираше на 16 годишна возраст, како еден од најталентираните млади играчи на домашното фудбалско поднебје. По четирите години минати во таборот на прволигашот од Дебар Маало, Велковски на почетокот од актуелната сезона се „пресели“ на другата страна од градскиот парк, во редовите на Вардар. Иако неговата природна позиција е на средината од теренот, нашиот Даре подеднакво добро се снаоѓа и како последен играч во одбранбените редови.